Станбената зграда Прашка

четврток, 23 септември 2021

Станбената зграда се наоѓа на ул.”Прашка” бб, Општина Карпош Скопје.

Површината на локацијата (градежната парцела) изнесува 2492 м2, додека површината за градење изнесува 1046 м2.

Висината на објектот е П+8+Пк и галерија на поткровје, како и подрумско ниво во кое е решено паркирањето. Влезовите во станбената зграда се наоѓаат од ул.”Прашка”.

На приземјето се проектирани деловни и магацински простории. Влезовите за деловните простории се исто од улица Прашка, додека од сервисната улица се сместени магацинските простории.

 На катовите од 1 до 8 се проектирани станови со различна структура и тоа од: гарсоњери, двособни, трособни и четворособни станови. На поткровје и галерија на поткровје се проектирани 8 дуплекс станови засебно за влез 1 и влез 2.

Пристапот од подрумскиот дел е преку сервисната улица, каде што се сместени паркинг местата.

Архитектурата е конципиран како објект со елементи од модерната архитектура во склад со новите актуелни трендови.