Станбен Комплекс Домино
четврток, 23 септември 2021
Проектот – ДОМИНО е лоциран во скопската општина Карпош, на булеварот Митрополит Теодосиј Глоганов. Домино е станбен комплекс кој што нуди висококвалитетно домување. Вкупната површина на која се гради изнесува околу 9.500 м2, а комплексот е развиен во две ламели. Соодветно на деталниот урбанистички план за овој дел од Скопје, катноста на едната ламела е приземје, единаесет катови и поткровје, додека на другата се предвидени приземје, тринаесет катови и поткровје.